Барање за регистрација
Пополнете го барањето и истото ќе биде реализирано во рок од 24ч.
Сите полиња се задолжителни (Даночниот број е задолжителен само за правни субјекти).
* НАПОМЕНА: Во процесот на регистрација користете валидни податоци, во спротивно нема да можете да извршите никакви измени на податоците за регистрантот, да го отстапите на други лица или избришете доменот. Согласно правилникот (Член 31), доменот може да Ви биде избришан од регистрар и уплатените средства нема да Ви бидат вратени.
Обновување на регистрација за домен
Регистрантот поднесува барање за продолжување на регистрација на доменот до Регистрарот и тоа најмалку 15 дена пред истекот на времето за регистрација на следната e-mail адреса: info [at] digihost.mk.
Доколку доменот не биде обновен до датумот на регистрација, влегува во заштитен период од 120 дена и во тој период не може да се прави промена на податоците на доменот.
Ако доменот не се обнови во првите 60 дена од заштитениот период, доменот се брише од .mk зоната, но не може да се регистрира од страна на друг регистрант.
По истекот на останатите 60 дена од заштитениот период (или вкупно 120 дена) доменот се брише и може да се регистрира од страна на друг регистрант.
Трансфер на Домен
Проверете дали доменот кој сакате да го трансферирате може да биде трансфериран кај нас. Доколку е се во ред можете да ја продолжите процедурата и да го направите трансферот. На емаил адресата која ќе ја внесете при порачка ќе добиете про-фактура која треба да ја платите (онлајн или преку уплатница во банка) пред да можеме да ја продолжиме процедурата на трансфер на доменот
Превземете го и пополнете го барањето за регистрација на .мк домен. Во барањето штиклирајте ја опцијата за регистрација на домен.
Доколку електронски* го потпишувате барањето пратете го на емаил адресата [email protected]. Во спротивно пратете го по пошта на адреса:Дигинет ДПТУ ДОО ул. Благој Мучето бр. 50, 2400, Струмица, Македонија заедно со тековна состојба не постара од 6 месеци, или донесете ги лично** во нашата канцеларија на адреса Дигинет ДПТУ ДОО ул. Благој Мучето бр. 50 во Струмица (мапа).
Во најкус можен рок откако ќе го добиеме барањето доменот ќе биде трансфериран. На емаил адресата наведена кај регистрант на доменот ќе добиете информации како понатаму да менаџирате со доменот: онлајн промена на контакти и именски опслужувачи, како и да побарате EPP код за авторизација на трансфер на доменот на друг овластен регистрар.
Потребна документација
За да одпочне процесот на регистрација регистрантот поднесува барање. (Превземи *.doc , *.pdf) и извршува уплата на ж-сметка на Дигинет (Примерок од пополнета уплатница).
Барањето мора да биде пополнето со валидни податоци, во спротивно нема да можете да извршите никакви измени на податоците за регистрантот, да го отстапите на други лица или избришете доменот.
Согласно правилникот (Член 31), доменот може да Ви биде избришан од регистрар и уплатените средства нема да Ви бидат вратени.
Барањето од страна на Правните субјекти треба да биде заверено со потпис и печат и впишан Даночниот број и истото го доставувате на нашата адреса или лично во просториите на Дигинет. Правните субјекти со барањето потребно е да достават тековна состојба не постара од 6 месеци.
Вашиот домен може да биде укинат доколку вашите информации за регистрација не се точни и доколку не одговорите на барањата на регистрарот во рок од 15 дена?
Називот на доменот мора да ги исполнува следните услови:
– Да се состои од букви од абецедата (при тоа не се разликуваат мали и големи букви), броевите од 0-9 и знакот “-” (тире).
– Да се состои од најмалку 1 (еден) до најмногу 63 (шеесет и три) знаци, а притоа првиот и последниот не може да биде знакот “-” (тире).
– Не смее последователно да се појавуваат два заци “-” (тире).
.com.mk, net.mk, inf.mk – Право да регистрираат имаат : трговски друштва, физички лица регистрирани за самостојно вршење дејност, лица со јавни овластувања, комори, задруги, финансиски организации, правни лица и физички лица регистрирани за вршење на стопанска дејност.
.org.mk – Право да регистрираат имаат : непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации, политички партии, синдикати, здравствени јавни установи, фондови, странски амбасади, непрофитни странски организации на кои со меѓународен договор или согласно со закон им е допуштено да вршат непрофитна дејност.
.edu.mk – Право да регистрираат имаат : образовни и научноистражувачки установи, странски образовни организации кои имаат дозвола за вршење образовна и научноистражувачка дејност.
.mk – Право да регистрираат имаат : сите физички и правни лица.