Обновување на регистрација за домен

Регистрантот поднесува барање за продолжување на регистрација на доменот до Регистрарот и тоа се додека доменот не биде избришен од регистарот на домени во Марнет на следнава e-mail адреса: info [at] diginet.mk. 

Доколку доменот не биде обновен до датумот на регистрација, влегува во заштитен период од 120 дена и во тој период не може да се прави промена на податоците на доменот. 

Ако доменот не се обнови во првите 60 дена од заштитениот период, доменот се брише од .mk зоната, но не може да се регистрира од страна на друг регистрант. 

По истекот на останатите 60 дена од заштитениот период (или вкупно 120 дена) доменот се брише и може да се регистрира од страна на друг регистрант.