Потребна документација

За да одпочне процесот на регистрација регистрантот пополнува и поднесува онлајн барање и извршува уплата на ж-сметка на Дигинет (Примерок од пополнета уплатница).
Барањето мора да биде пополнето со валидни податоци, во спротивно нема да можете да извршите никакви измени на податоците за регистрантот, да го отстапите на други лица или избришете доменот. 

Согласно правилникот (Член 31), доменот може да Ви биде избришан од регистрар и уплатените средства нема да Ви бидат вратени. 

Барањето од страна на Правните субјекти треба да биде заверено со потпис и печат и впишан Даночниот број и истото го доставувате на нашата адреса или лично во просториите на Дигинет. Правните субјекти со барањето потребно е да достават тековна состојба не постара од 6 месеци. 

Вашиот домен може да биде укинат доколку вашите информации за регистрација не се точни и доколку не одговорите на барањата на регистрарот во рок од 15 дена? 

Називот на доменот мора да ги исполнува следните услови:
– Да се состои од букви од абецедата (при тоа не се разликуваат мали и големи букви), броевите од 0-9 и знакот “-” (тире). 

– Да се состои од најмалку 1 (еден) до најмногу 63 (шеесет и три) знаци, а притоа првиот и последниот не може да биде знакот “-” (тире). 

– Не смее последователно да се појавуваат два заци “-” (тире). 

.com.mk, net.mk, inf.mk – Право да регистрираат имаат : трговски друштва, физички лица регистрирани за самостојно вршење дејност, лица со јавни овластувања, комори, задруги, финансиски организации, правни лица и физички лица регистрирани за вршење на стопанска дејност. 

.org.mk – Право да регистрираат имаат : непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации, политички партии, синдикати, здравствени јавни установи, фондови, странски амбасади, непрофитни странски организации на кои со меѓународен договор или согласно со закон им е допуштено да вршат непрофитна дејност.
.edu.mk – Право да регистрираат имаат : образовни и научноистражувачки установи, странски образовни организации кои имаат дозвола за вршење образовна и научноистражувачка дејност. 

.mk – Право да регистрираат имаат : сите физички и правни лица.