Пререгистрација

Од 01.04.2014 Марнет повеќе не врши регистрација .МК домени. Таа обврска сега ја имаат официјалните регистрари.
До 01.04.2015 потребно е сите регистрирани .МК домени да се префрлат на некој од регистрарите. Постапката на преминување од Марнет кон некој од официјалните регистрари и обновување на доменот за една година се нарекува ПРЕРЕГИСТРАЦИЈА.

Кога може да се направи пререгистрација?

Пререгистрацијата (од Марнет кон новите официјални регистрари) може да се направи најрано 30 дена пред истекување на важноста на доменот. По првото менување регистрар, понатамошните менувања може да се прават во било кое време, неограничен број пати со пополнување на барање.

Кога најдоцна може да се направи пререгистрација?

На датумот на истекување на важност на доменот, истиот влегува во зашититен период. Ако доменот не се обнови во првите 60 дена од заштитениот период, доменот се брише од .mk зоната, но не може да се регистрира од страна на друг регистрант. По истекот на останатите 60 дена од заштитениот период (или вкупно 120 дена) доменот се брише и може да се регистрира од страна на друг регистрант.

Постапка на пререгистрација

Дигихост Ви ја олеснува постапката за пререгистрација. Доволно е да ни пратите барање со Вашите домени, ние ќе ви вратиме пополнети барања во PDF формат. Барањето заверено со потпис и печат, го доставувате на нашата адреса . Доменот го пререгистрираме за најмногу 24 часа по прием на документацијата и извршената уплата, за што ќе бидете информирани на вашата електронска пошта.