Интеракција на мапа и преглед на листа на возила

Следење на вашите возила во живо, прецизно и успешно лоцирање како и менаџирање на возилата. Дополнително на располагање е детална патна и сателитска мапа.

Електронски Извештаи

Автоматско добивање на извештаи, единечно за секое возило и комбиниран за сите возила.
Анализа и печатењ на извештаи.

Трошковник

Анализиа на трошоци за цела флота возила комбинирано по групи и поединечно.
Детален преглед, визуелен пристап и намалување на трошоците.

Контрола на горивото

Со Прато платформа за следење имате можност за автоматско следење на точење и одлив гориво во возилата.
Автоматска генерирана калкулација за сметка за гориво при секое точење, контрола на трошоците за гориво и моќна алатка за идентификација на кражба на гориво.

Паметни Аларми и Известувања

Автоматско генерирање на аларми за надмината брзина, прекувремено стоење или кражба на гориво.
Аларми за известување за истек на регистрација, проверка на ПП Апарат, закажан редовен сервис, вонреден сервис и друго.

Сензор на седишта
за број на патници

Секогаш точна и прецизна евиденција за бројот на патници во вашите возила во реално време.

За прецизно и успешно лоцирање како и менаџирање на возилата на располагање ви е детални патни и сателитски мапи (Street Map, Gray Map, Topographic Map, Google Street Map, Google Map). Покриени се сите држави во Европа.

Двонасочен систем за пораки Користете го нашиот внатрешен систем за двонасочни пораки за да бидете во контакт со вашиот персонал.
Чувајте записи во живо за деловна комуникација и исполнување на задачи. Специјално дизајниран за корисникот «» корисник и корисник «» возач за контрола и управување со вашите деловни процеси од еден центар. Испраќане дополнителни информации на возач за да ги завршат своите задачи.

Геозоните се Точки од интерес со кој се означува точки на мапата кои се со посебна важност. Се означуваат авторизирани бензински пумпи за точење гориво, станици за такси служби или одредени места низ кои возилото треба да помине (наплатен или откупен пункт, точки за достава на производи).
За сите Геозони со опцијата предупредувања може да добиваме предупредувања за влез или излез и време на задржување на возилото од истата.

Поврзување на Борд Компјутер преку интерфејс CAN Bus (controller area network) со GPS уред овозможува да ги добиеме сите информации од возилото на нашиот Прато систем како:

  • Количина на гориво
  • Потрошувачка на гориво
  • Точна километража
  • Брзина на движење
  • Вртежи на моторот
  • Температура на мотор
  • Состојба на акумулатор

Функција на опционално подесување на предупредувања кои веднаш по настанот се генерираат поп-ап порака или се иапраќа email известување.

  • Предупредување дека возилото влегло, излегло или е во креирана геозона.
  • Предупредување дали возилото е во Авторизирана или Неавторизирана зона на движење.
  • Предупредување за надминување на ограничена максимална зададена брзина.
  • Предупредување за информации од борд компјутер на возилото.
  • Предупредување за прекувремено стоење на возилото со запален мотор.
  • Известување за истечена регистрација на возило.
  • Известување за истечен лекарски преглед на возач.
  • Известување за истечена возачка дозвола на возач.
  • Известување за поминат рок на ПП апарат.
  • Известување за истек на регистрација на возило или приклучно возило.
  • Известување за полнење гориво во возилото.

Функцијата прикажува точни информации за патеката на движењето на возилата во определен поминат временски интервал.
Дополнителни информации кои можат да се генерираат заедно со историја на движење за секое возило:

  • Местоположба на возилото
  • Брзина на движење во секоја временска позиција
  • Место и време на паркирање
  • Состојба на гориво
  • Вртежи на мотор
  • Графикон за сите извештаи

Основна функција:

  • Следење на возила во живо

Дополнителни функции за следење во живо:

  • Статус на секое возило (моторот no/off)
  • Брзина на движење
  • Моменталната количина на горивото во резервоарот
  • Вкупно потрошеното гориво
  • Километражата
  • Вртежи на мотор
  • Други дополнителни информации

Извештаите се генерираат онлајн на веб апликацијата. Извештаите можат да бидат единечни за секое возило, комбиниран по групи возили или за сите возила.
Избор на извештаи кој можат да бидат генерирани:

  • Извештај за помината километража
  • Извештај за потрошено гориво
  • Извештај за просечна потрошувачка на гориво по километри или по работен час.
  • Извештај за направен трошок по моментална цена на горивото
  • Извештај за работа на возилото во работно време и вон работно време
  • Извештај за пречекорување на дозволена максимална брзина
  • Извештај за времетраење на работа на моторот на возилото во мирување (кога не е во движење)
  • Извештај за извозена рута по возило и по возач
  • Извештај за извозена километража по возач и по возило
  • Извештај за точки на застанување и времетраење на стоењето